Во Истанбул разбиена обложувачка мафија, пари биле трансферирани во Македонија

744

Турскиот весник „Милијет“ пренесува дека во Истанбул е разбиена обложувачка мафија „Тотобо“ која оперирала од Германија до Турција, вклучително и Македонија. Приведени биле дури 59 членови, а полицијата продолжува со операцијата затоа што смета дека има уште вмешани во оваа афера.

Од МНР на Турција информираат дека акцијата е спроведена после 8 месечно следење на движењето и активностите членовите. Забележано било дека челниците на мафијашката група изнајмувале скапи вили, купувале луксузни автомобили како Бентли или Ројлс Ројс, летувале во скапи хотели. Сето тоа го архивирале истражителите како доказ во судската постапка против нив.

Меѓу уапсените е водачот Озкан Г. кое има и криминално досие како и повеќето членови на мафијашката група. Кај нив биле пронајдени и оружје без лиценци, пари и лажни лични карти.

Овие членови на бандата за период од околу 1 година оствариле промет од 1 милијарда лири (нешто помалку од 55 000 000 eвра) .

Купуваат панел од легална кладилница од Германија, го изнајмуваат и го носат во Истанбул. Тие имаат одговорности на азиската и европската страна на Истанбул. Тие отвораат застапништва во речиси сите области на Истанбул. Не е доволно, отвораат застапници во регионот на Мармарас. Не е доволно, тие отвораат застапници во општите региони на Турција и продолжуваат со овие незаконски обложувачки активности.

Собраните пари се акумулираат на сметките на роднините на водачите на бандата. Со други зборови, за да не го следи Централната банка, се формираат движења на долари со ситни пари како 10 илјади, 15 илјади долари и тие средства се собираат на една сметка. Потоа парите од таа сметка се претвораат во криптовалути и се трансферираат во Македонија.

Истражувањето покажува дека дел од парите завршувале за финансирање на терористички организации.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА АКЦИЈАТА ОД „ТАКВИМ“ ОВДЕ

 

ПретходноНов ден, нова убедлива партија: Кадетите го победија Косово со 23 гола разлика!
СледноИграше за Валенсија, Брајтон и Сосиедад, а сега ќе игра за данскиот шампион