Нов ден, нова убедлива партија: Кадетите го победија Косово со 23 гола разлика!

188

Македонската машка кадетска репрезентација го запиша и вториот триумф на ЕХФ Шампионатот во Рига. Избраниците на Раде Стојановиќ денеска го совладаа Косово со убедливи 16-39 (11-21) и обезбедија пласман во следната рунда на овој шампионат. Дуелот со Летонија, последен од групната фаза ќе биде битка за поовто место.

И оваа средба „црвено-жолтите“ ја решија по едно полувреме, противникот беше немоќен, па водството беше плус 10 (11-21) по одморот. Александар Петковски со 9 гола беше прв стрелец во овој дел од натпреварот.  Македонија имаше висока реализација во првото полувреме, 72%.

Ништо не се промени и во следниот период, Косово постигна само пет гола во вторите 30 минути.

Петковски со 9 гола остана прв стрелец, зад него беа Димокоски, Белистојаноски и Узунчев со по пет погодоци.

ПретходноЛШ: Динамо брани 2:1 од Разград, дебитантот Ројал Унион пред сензација
СледноВо Истанбул разбиена обложувачка мафија, пари биле трансферирани во Македонија