Го задржа Килијан Мбапе, го „притисна“Нејмар да биде само фудбалер а не шоумен, му кажа на Меси дека мора малку и да трча, купи неколку „непознати“ фудбалери за ротација. Се е ова “масло“ на новиот двоец во ПСЖ а тоа е Галтие – Кампош, новиот тренер и спортски директор. Нема веќе мега – ѕвезди кои ќе седат само на клупа или трибини, се купува она што треба.
Па така по ангажманот на Ренато Санчез, сега на ред е Фабијан Руиз, детал кој се чини недостасуваше.
Новата формација е 3-4-1-2.
Погледнете дали ова е тимот на ПСЖ кој може да дојде до пехарот во Лигата на Шампионите.
Да не говориме кој се има на клупата ако треба за ротација….