Повратникот во словенечката кошаркарска репрезентација, НБА кошаркарот Горан Драгиќ вели дека не се вратил во репрезентацијата само за да се прошета на Евробаскетот 2022.
„Ова ќе биде најтешкото првенство во мојата кариера. Многу репрезентации сега имаат играчи од НБА. Верувам дека имаме добри шанси за победа. Не се вратив во репрезентацијата за да се борам за петто или шесто место. Сакам да освојам медал, но сега треба да одиме чекор по чекор“, изјави Драгиќ.
На последното Европско првенство кое се одржа во 2017 година, Горан ја предводеше Словенија до „златото“ и беше прогласен за МВП на турнирот.