Дурент со ултиматум: Ќе останам во Нетси, ако ги избркате нив двајца!

965

Кошаркарот на Бруклин Нетс, Кевин Дурент побара од неговиот тим да го трејдуваат на крајот на јуни. Дурент е еден од најдобрите играчи во лигата и има уште четири години од договорот со Нетси.

Вчера 33-годишниот Дурент одржал состанок со сопственикот на Нетс Џо Цаи и му поставил ултиматум.

„Останувам ако ги отпуштите тренерот Стив Неш и генералниот менаџер Шон Маркс“, порачал Дурант.

Засега не се знае што ќе одлучи сопственикот на клубот. Доколку овој ултиматум не му се исполни на Дурент, тој ќе го напушти клубот, а фаворити за негово доведување се Селтикс, Репторс и Хит.

За Дурент ова ќе биде 15-та сезона во НБА лигата, 12 пати е избран во Ол-стар тимот. Минатата сезона тој имаше просек од 29,9 поени со 7,4 скока и 6,4 асистенции, неговиот тим беше елиминиран од Бостон на стартот на плеј-офот со 4-0.

ПретходноПМФЛ-2.коло: Во сабота Шкупи – Македонија ЃП, сите останати мечеви во недела
СледноНеполни 16 часа по убедливиот триумф, кадетите на мегдан со Косово