Екс-голманот на Манчестер Јунајтед ќе брани за Бока Јуниорс

160

Аргентинскиот гигант Бока Јуниорс се пофали со нов голман, го донесе искусниот Серхио Ромеро како слободен фудбалер. 35-годишниот Ромеро потпиша договор на една сезона со што се враќа во аргентинската Суперлига по 15 години играње во Европа.

Ромеро ја почнал кариерата во Расинг од Аваљанеда, а потоа прави трансфер на европскиот континент и тоа во холандски АЗ Алкмар. Потоа играл за Сампдорија, кратко во Монако, па потоа во Манчестер Јунајтед каде што беше резерва, а минатата сезона ја помина во Венеција.

Сега се враќа дома. Тој има 96 настапи за Аргентина и стави крај на кариерата во репрезентацијата во 2018 година.

Беше дел од СП 2010, СП 2014 каде што играше и во финалето, беше планиран и за СП 2018 но отпадна поради повреда.

ПретходноИграше за Валенсија, Брајтон и Сосиедад, а сега ќе игра за данскиот шампион
СледноЈувентус го договори Филип Костиќ од Ајнтрахт