Италијански репрезентативец тргна да се пресметува со навивачите (ВИДЕО)

337

Сасуоло изненадувачки загуби во 1. коло од Купот на Италија од Модена со 3:2, а по натпреварот надвор од стадионот дојде до скандал, а во центарот на вниманието се најде Доменико Берарди.

Берарди, ѕвездата на Сасуоло и европски првак со Италија брзо ги загуби нервите поради провокациите од страна на фановите. Тој премоли неколку навреди, а потоа полуде и се обиде да се пресмета. Околу него обидуваа да го спречат во обидот да се пресмета, еднаш им побегна од раце, но на крајот не успеа да го фати навивачот поради кој брзо излезе од контрола.

Берарди, 28-годишниот напаѓач во Сасуоло е од 2015 година, на 326 натпревари постигна 121 гол.

ПретходноНеполни 16 часа по убедливиот триумф, кадетите на мегдан со Косово
СледноШкупи вечерва со Шамрок да покаже кој е кој!