Стартот на второто полувреме на парагвајскиот прволигашки натпревар помеѓу Сол де Америка и Гуарани е одложен поради необична причина. Имено, едно куче истрчало во полето и заспало на тревникот. Судијата не можеше да го започне натпреварот додека кучето не се разбуди и не го напушти теренот.
Оваа ситуација не е ништо ново во професионалниот фудбал, до сега видовме верверички, мачки, кучиња, лисици на тревникот, но навистина ретко животно да заспие на теренот. Инаку, Сол де Америка го доби овој натпревар со 1:0.
Овој момент можете да го видите на следниот ЛИНК.