ЛШ: Динамо брани 2:1 од Разград, дебитантот Ројал Унион пред сензација

158

Вечерва се играат реванш натпреварите од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Во центарот на вниманието за нас е Динамо Загреб за кој играат Аријан Адеми и Стефан Ристовски. „Модрите“ се пред пласман во плеј-офот откако во Разград го победија Лудогорец со 2:1. На тој меч хрватскиот првак уште по девет минути имаше водство од 2:0, а во првото полувреме Бугарите намалија и тој резултат остана до крај.

Сега на „Максимир“ момците на Анте Чачиќ ќе треба да ја сочуваат предноста и да изборат место во плеј-офот каде што ќе се соочат со минатогодишната европска сензација Бодо/Глимт кој уште по првиот меч со Жалгирис обезбеди предност од 5:0.

Марјан Радески со Пјуник ќе ја пречека Црвена Звезда. Српскиот шампион на свој терен славеше со 5:0, па ерменскиот шампион има невозможна мисија и веројатно тука ќе заврши нивниот пат во ЛШ и ќе се обидат да изборат место во групите од ЛЕ.

А во Глазгов пред неколку денови се случи чудо. Дебитантот во европските купови, белгиски Ројал Унион Сен Жилоа успеа да го совлада Ренџерс на свој терен со 2:0 со голови на Теума и Ванзер. Белгиската екипа направи крупни чекори во последните неколку години и прерасна во сериозен ривал на помоќните Бриж, Андерлехт и Антверпен.

Ќе видиме како ќе поминат на „Ајброкс“ вечерва.

 

ЛШ – 3. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО (РЕВАНШИ)

ЖАЛГИРИС – БОДО/ГЛИМТ       18:00 ч.
Прв меч: 0:5

АПОЛОН – МАКАБИ ХАИФА       19:00 ч.
Прв меч: 0:4

ПЈУНИК – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА         19:00 ч.
Прв меч: 0:5

ПЛЗЕН – ШЕРИФ             19:00 ч.
Прв меч: 2:1

МИТЈИЛАНД – БЕНФИКА            19:45 ч.
Прв меч: 1:4

ДИНАМО – ЛУДОГОРЕЦ              20:00 ч.
Прв меч: 2:1

ФЕРЕНЦВАРОШ – КАРАБАХ        20:00 ч.
Прв меч: 1:1

ПСВ – МОНАКО               20:30 ч.
Прв меч: 1:1

ШТУРМ – ДИН.КИЕВ      20:30 ч.
Прв меч: 0:1

РЕНЏЕРС – РОЈАЛ УНИОН СЖ    20:45 ч.
Прв меч: 0:2

ПретходноРБ Лајпциг за 24 милиони евра си купи играч од РБ Салцбург
СледноНов ден, нова убедлива партија: Кадетите го победија Косово со 23 гола разлика!