Неполни 16 часа по убедливиот триумф, кадетите на мегдан со Косово

185

Македонската машка кадетска репрезентација со убедлив триумф стартуваше на ЕХФ шампионатот во Рига. „Црвено-жолтите“ отворија со победа над Турција од 34-19, противник кого решија во едно полувреме. На голот царуваше Давид Брестовац, кој запуша 18 одбрани.

Неполни 16 часа по овој натпревар, Македонија денеска има нова задача. Во рамките на второто коло игра против Косово, репрезентација која треба лесно да се совлада за да се обезбеди место во следната рунда.

Овој меч е закажан со почеток во 13 часот, директен пренос има на ЕХФТВ. 

ПретходноДурент со ултиматум: Ќе останам во Нетси, ако ги избркате нив двајца!
СледноИталијански репрезентативец тргна да се пресметува со навивачите (ВИДЕО)