Овации за Михајловиќ на отворена сцена: Не сум во форма, целта е да стигнам до 90 килограми (ВИДЕО)

742

Синиша Михајловиќ е пример за вистински борец. Српскиот тренер повторно мораше да се врати во болница и да ја лекува леукемијата. И покрај тоа што не е целосно излечен, тој одлучи да се појави на дуелот меѓу Болоња и Козенца во рамките на Купот на Италија, неговиот тим славеше со минимални 1:0, а пред натпреварот се случи сцена која српскиот стручњак ќе ја памети до крајот на животот.

Кога тргна кон клупата, практично целиот стадион се крена на нозе и со овации го поздрави некогашниот фудбалер.

„Сè уште сум во фаза на опоравување. Направивме се што треба да направиме. Ќе биде подобро, но потребно е време“, рече Синиша и додаде:
Сè уште не сум во форма, но сега целта ми е да стигнам до 90 килограми пред Божиќ“. 

ПретходноСерена Вилијамс: Едвај чекам да стигна до светлината на крајот на тунелот!
СледноУште едно големо признание: Игор Митровски ќе суди на Европското првенство