И официјално, Тимо Вернер се врати во Ред Бул Лајпциг. Она што се најавуваше веќе неколку денови од денеска е и официјално. Германскиот репрезентативец се врати дома, се врати во тимот каде што беше рекордер, се врати во тимот каде што најдобро играше.
Пред две години токму од Лајпциг за 65 милиони евра направи спектакурален трансфер во Челзи, но на „Стемфорд Бриџ“ не му одеше баш најдобро и според планираното, па затоа се врати во Лајпциг за сума од 35 милиони евра.