ПМФЛ-2.коло: Во сабота Шкупи – Македонија ЃП, сите останати мечеви во недела

876

Претстојниот викенд на програмата се петте натпревари од 2.коло во новата сезона во ПМФЛ. Иако од првото треба да се одиграат уште два меча, сепак наредниот викенд ќе имаме цела програма, ако не се смета фактот дека сега Скопје ќе биде слободен зошто Ренова се откажа од настапот во елитата.

Па така во сабота (13 август) на Чаир, шампионот Шкупи ја дочекува Македонија ЃП. Ова веројатно е дербито на колото, мечот започнува во 17 часот.

Во недела (14 август) се играат средбите Работнички – А. Пандев, Победа – Тиквеш, Шкендија – Силекс (се игра во Струга), и во Штип се среќаваат Брегалница и Струга ТЛ, ова е уште едно дерби во ова коло.

ПретходноШкупи сака одмазда, Шамрок мора да падне… и тоа најмалку со два гола разлика!(ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноДурент со ултиматум: Ќе останам во Нетси, ако ги избркате нив двајца!