Познат стартниот состав: Седло тргнува со Сандеј и Георгиев во нападот!

382

Познати се стартните состави на Шкупи и Шамрок Роверс за вечерашниот реванш меч од 3.квалификациско коло во ЛЕ. На помалку од час и половина од почетокот на мечот познати се стартните состави на двете екипи.

Познато е дека стратегот на чаирчани поради неиграњето на Реналдо, Данфа и Хамиди мораше да комбинира, па се одлучи за следните единаесетмина:

НАУМОВСКИ, ТИМОВСКИ, СЕНГОР, МАРГВЕЛАШВИЛИ, ШЕЈИ, АЛИ, АЛВАРЕЗ, КУЕВЕН, ЛАМАНЕ ДИЕНЕ, САНДЕЈ И ГЕОРГИЕВ.

Формацијата е 4-3-3. Го нема на десната бековска линија Брдаровски, место него стартер е Тимовски, а на левата се враќа младиот Шеји.

Да потсетиме, првиот меч во Даблин заврши со триумф на Шамрок Роверс од 3:1, па така на нашиот шампион вечерва му треба победа од најмалку два гола разлика.

ПретходноОфицијално: “Биковите“ го промовираа Вернер! (ФОТО+ ВИДЕО)
СледноБУРЛЕСКА од капитен: Хари “ИЗГУБЕНИОТ“! (ВИДЕО)