Седлоски: Шамрок ги казни нашите грешки!

375

Шкупи не успеа да дојде до победа, до севкупен триумс со Шамрок. И не само што не победи, туку загуби со 1:2, во меч кој реално Ирците беа подобри.

За тоа како го виде натпреварот, стратегот на нашиот шампион Гоце Седлоски на пресот истакна:

Прво сакам да им честитам на гостите на победата, секако и пласманот во следната рунда. Не можевме да сметаме на неколку играчи, но тоа не е оправдување. Шамрок јасно е дека заслужено победи, беше подобар во тие 180 минути.Правевме многу грешки, и кога се игра против таков тим тогаш секако дека тој не простува. На полувремето направивме неколку измени, внесоа свежина, но после првиот гол на Шамрок. На вакви натпревари се виде дека сме далеку од нив“ рече покрај другото Седлоски.

ПретходноСиригу ги мина лекарските прегледи во Наполи
СледноФОТО ВЕСТ: Македонското знаме кога игра Шкупи!