Сиригу ги мина лекарските прегледи во Наполи

102

Салваторе Сиригу ги помина лекарските прегледи пред трансферот во Наполи, објавија италијанските медиуми.

Италијанскиот интернационалец се пресели во составот на „наполитанците“ како слободен играч по завршувањето на договорот со Џенова.

35-годишниот играч ќе заработува околу 700.000 евра по сезона плус дополнителни бонуси. Се очекува Сиригу да биде втор голман во новата сезона, бидејќи Наполи бара да го ангажира Кепа од Челзи или Кејлор Навас од Пари Сен Жермен.

ПретходноШкупи елиминиран од ЛЕ, групната фаза во ЛК ќе ја “брка“ против Балкани или Клаксвик! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноСедлоски: Шамрок ги казни нашите грешки!