Големи проблеми за стратегот Гоце Седлоски во пресрет на вечерашниот реванш дуел против Шамрок Роверс во 3.квалификациско коло во Лигата на Европа. Имено ако се знаеше претходно дека Валид Хамиди нема да игра сигурно поради суспензија, а Мамаду Данфа, стрелец на гол против Линколн, поради повреда, денеска и официјално е познато дека вечерва не може да биде во составот и третиот офанзивец Реналдо Цефас, човекот кој на “Максимир“ му стегна гол на Динамо за 2:2. Имено во Кометот на УЕФА дури денеска е објавено дека тој поради три жолти картони нема право настап.
Па така останува во нападот само Сандеј Адетунџи, а веројатно покрај него стартер ќе биде и Пепи Георгив.
Ќе биде “тенко“, сепак се надеваме дека Седлоски има подготвено тактика, да не заборавиме на Куевен и Алварез кои иако се играчи за врска, знаат и тоа како од далеку да стрелаат во противничката мрежа.