Јашароски конечно регистриран за Воска Спорт!

400

Ален Јашароски по пауза од речиси девет месеци одново ќе може да игра на официјални натпревари и тоа во дресот на Воска Спорт. Имено познато е дека искусниот напаѓач во зимскиот преоден рок направи трансфер од Скопје во второлигашот од Охрид, но со оглед на тоа дека “пиратите“ не дадоа амин за овој трансфер, неговиот нов клуб не можеше да го регистрира, па така Јашароски цела пролетна полусезона беше член на Воска, но немаше право на настап. Сега се е во ред, тој конечно е регистриран, па така може да се каже дека охриѓани го добија најголемото летно засилување.

Инаку Јашароски досега играл во неколку наши клубови а има и интернационална кариера.

ПретходноВечерва Шкупи игра меч вреден 3,3 милиони евра!!!
СледноОфицијално: “Биковите“ го промовираа Вернер! (ФОТО+ ВИДЕО)