Јувентус го договори Филип Костиќ од Ајнтрахт

223

Српскиот фудбалер Филип Костиќ заминува од Ајнтрахт Франкфурт и ќе го засили италијанскиот Јувентус. Како што пишува италијанскиот спортски новинар Фабрицио Романо, челниците на Јувентус успеале да се договорат со германскиот клуб за трансфер на овој 29-годишен фудбалер.

Ајнтрахт не го вклучи Србинот за мечот од европскиот Суперкуп против Реал Мадрид што ќе се одигра утре за да му овозможи да го реализира трансферот. Јувентус ќе плати 16 милиони евра.

Костиќ ја почнал кариерата во Раднички Крагуевац, потоа играл за Гронинген, Штутгарт, Хамбургер од каде направи трансфер во Ајнтрахт.

ПретходноЕкс-голманот на Манчестер Јунајтед ќе брани за Бока Јуниорс
СледноБелорусин ќе му суди на Шкупи: Македонија со Кулбаков победувала, а Шкендија губела…