Во натпревар со 6 гола и три црвени картони (сите за гостите од Бугарија), екипата на Динамо Загреб на нашите репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми обезбеди место во плеј-офот во Лигата на шампионите. Хрватскиот шампион кој го елиминираше и нашиот првак Шкупи, по победата од 2:1 на гостувањето во Разград пред една недела, денеска со убедливи 4:2 и вторпат го совлада бугарскиот шампион.
Динамо (З) како и на првиот меч тргна силовито и набрзина успеа да направи предност од дури 3:0. Со головите на Дрмиќ (12’ по асистенција на Ристовски) и на Оршиќ (27’/п и 44’) успеа до пред крајот на полувремето да го трасира своето место во следната фаза.
Лудогорец успеа да намали со првиот од двата гола на Десподов во судиското продолжение.
Во вториот дел истиот фудбалер погоди и за 3:2, но откако гостите имаа уште две исклучувања, Петковиќ од пенал ги постави конечните 4:2.