Белорусин ќе му суди на Шкупи: Македонија со Кулбаков победувала, а Шкендија губела…

197

Вечерва на реванш средбата од 3.квалификациско коло во Лигата на Европа, меѓу Шкупи и Шамрок Роверс, правдата ќе ја дели Алексеј Кулбаков, еден од најдобрите судии во својата земја, ако не и најдобар.

Кулбаков има 42 години, а на УЕФА натпреварувања суди од 2005 година.

Интересно, со него А-репрезентацијата на Македонија успеала да победи над Азербејџан на гости во пријателски меч со 0:1 во далечната 2011 година.

Затоа пак Шкендија на оној меч од плеј – офот во ЛЕ во 2018 година против Розенборг беше поразена со 0:2. Сепак треба да се каже дека на тој меч Кулбаков во два наврати судеше пенали за тетовци, но тие и двата не ги реализираа.

Белорусинот беше четврти судија лани кога Струга ТЛ одигра 1:1 кај Лиепаја. Исто беше четврти и кога У-21 селекцијата на Македонија во пријателски меч одигра 1:1 со Литванија.

Тој му судел и на Шамрок, во таа 2011 година кога Ирците како домаќини загубија од ПАОК со 1:3.

ПретходноЈувентус го договори Филип Костиќ од Ајнтрахт
СледноКлоп го “пикираше“ за 2023, но Пеп ќе го купи одма и тоа за 100 милиони евра!