Ирски ШАМАР за Шкупи! (ВИДЕО)

5401

Шкупи – Шамрок 1:2 е епилогот од реванш мечот од 3.квалификациско коло во Лигата на Европа. Вечерва на Арената во Скопје, во убава атмосфера едноставно ослабениот Шкупи доживеа пораз од Ирците. Без Хамиди, Данфа и Реналдо, повеќе едноставно не се можеше.

Шамрок ја покажа својата сила, одигра одличен меч, првиот гол беше дело на Гафни во 65.минута, а вториот на Емаку во 85.минута.

За крај Сандеј во последните секунди го ублажи поразот.

Генерално ова беше вистински Ирски ШАМАР за Шкупи. Така е кога ќе загубиш со вкупни 2:5.

Уште од првиот свиреж на судијата Кулбаков, нашиот шампион тргна со сите сили во напад. Имаше и две закани во тие први минути по голот на Ирците. Сепак треба да се каже

дека Шамрок возврати со опасна шанса по нашиот гол во 3.минута кога шутираше Гафни, а од нозете на Наумовски топката се одби во стативата. Каква среќа за чаирчани.

Не поминии ни три минути, одново опасност по голот на нашиот тим. Сега од десно Тауел изби сам пред Наумовски и кога сите помислија дека топката ќе влезе во мрежата, голманот на Шкупи со фантастична реакција ја изби во корнер. Уште еднаш голема среќа за домашниот состав.

Штета, во 32.минута Сенгор беше на 4-5 метри од голот на Ирците, но го префрли голот, мораше се разбира подобро да реагира.

Во 37.минута вистинско чудо како немаше гол за гостите, во еден напад имаа две шанси, но Наумовски сепак остана несовладан. Се обиде и Сандеј, од далечина, како и Георгиев во самиот финиш на првиот дел, но на пауза се замина со тие 0:0. Нема што, Шамрок е добар тим. Сепак можеше и мораше да има барем еден гол во мрежата на гостите, Шкупи офанзивно поставен, напаѓаше, но нешто како да недостигаше да се дојде до водство.

ГАФНИ СО УБАВ ГОЛ ЗА ВОДСТВО НА ИРЦИТЕ

Второто полувреме Шкупи го почна со три замени. Во игра влегоа Трапановски, Абдула и Брдаровски, а во соблекувалната останаа Адем, Диене и Шеји, очигледна беше намерата на Седлоски неговиот тим да биде уште поофанзивен. Мораше да се оди по гол(ови), а Георгиев ја имаше првата шанса во овој дел од мечот.

Евидентна беше нервозата кај двете екипи, па зачестија стартовите, Шкупи беше решен да тргне уште посилно во напад, додека гостите да го одбранат својот гол.

Каква шанса за Трапановски во 58.минута, откако Алварез го проигра а овој од 17-18 метри шутираше над голот.

И кога Шкупи правеше грчевити напори да дојде во водство, шок, во таа 65.минута по една опасна контра, Гафни ја заврши акцијата со убав гол за водство на Шамрок од 0:1.

Следуваа минути со обиди на Шкупи, но Ирците во 85.минута постигнаа уште еден гол преку Емаку за 0:2.

И на самиот крај Сандеј со убав гол ги постави конечните 1:2 на овој меч.

3.квалификациско коло во ЛЕ (прв меч 1:3)

ШКУПИ (МКД) – ШАМРОК РОВЕРС (ИРС) 1:2 (0:0)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Алексеј Кулбаков (БЛР). Стрелци: Гафни 65., Емаку 85. (ШАМ), Адетунџи 90+3. Ж.Картони: Шеји, Адем, Сенгор, Куевен (ШКУ), Фин, Клири, Ватс(ШАМ).

ШКУПИ: Наумовски, Тимовски (78. Демири), Сенгор, Маргвелашвили, Шеји (46. Брдаровски), Адем (46. Трапановски), Алварез, Куевен, Диене (46. Абдула), Георгиев (79. Каланоски), Сандеј.

ШАМРОК: Манус, Хоаре, Клири, Грејс, Фин (68. Ганон), Тауел (62. Бурк), Ватс, О`Нил, Лајонс, Грин (81. Еамаку), Гафни (69. Каванах).

ПретходноАлексис Санчез пристигна на прегледи во Франција, утре потпишува за Марсеј (ВИДЕО)
СледноЕвертон доведе ново засилување од Лил