РБ Лајпциг за 24 милиони евра си купи играч од РБ Салцбург

170

Младиот словенечки репрезентативец Бенјамин Шешко е нов фудбалер на РБ Лајпциг откако германскиот клуб го купи овој фудбалер од својот „братски“ клуб РБ Салцбург од Австрија. Се споменува сума од 24 милиони евра која Лајпциг ја платил за овој 19-годишен напаѓач.

Иако потпиша договор, сепак, Шешко ќе остане во Салцбург уште една сезона, а од 1 јули 2023 година ќе дојде во Лајпциг за кого потпиша договор на пет години.

Инаку Шешко е сметан за еден од најталентираните фудбалери во Европа, за него имало интерес од неколку големи клубови меѓу кои Јувентус, Челзи и Манчестер Јунајтед.

ПретходноКуче заспа на терен: Натпреварот беше прекинат, чекаа да се разбуди (ВИДЕО)
СледноЛШ: Динамо брани 2:1 од Разград, дебитантот Ројал Унион пред сензација