Серена Вилијамс после 14 месеци оствари победа, на отворањето на турнирот во Торонто, Серена успеа да се справи со Шпанката Нурија Парисас-Дијас со 2-0 по сетови 6:3, 6:4 по два часа игра.
По оваа средба да го најави неизбежното, повлекување од терените. Американката е свесна дека на 40 години веќе е тешко да се биде на врвно ниво.
“Изгледа дека се уште има светлина на крајот од тунелот. Изгледа дека се доближувам до светлината… Така е во последно време. Едвај чекам да стигнам до светлината”, сликовито го опиша своето чувство по оваа победа, рекордерката во УС Опен ерата со 23 Грен слем титули во сингл.