Ништо од историја за Шкупи вечерва на Арената во Скопје. Едно се желбите а сосема друго можностите. Шамрок и во реваншот беше подобар, победи со 1:2 и заслужени оди натаму.
Шкупи не ја искористи и втората меч – топка за групна фаза, и тоа во Лигата на Конференции.
Сепак, не е се загубено, сега Шкупи ќе игра во плеј – офот во ЛК и тоа против победникот од двомечот меѓу Балкани (Косово) и Клаксвик (Ф.Острови).
Тоа ќе биде шансата да се наполни касата за уште 3,3 милиони евра и да се дојде до историски пласман во групна фаза во едно европско натпреварување.