Брентфорд ја заврши потрагата по играч од средниот ред кој ќе ја пополни празнината која се создаде по заминувањето на Кристијан Ериксен во Манчестер Јунајтед. Нов фудбалер на „пчеличките“ е Микел Дамсгард, исто така Данец кој доаѓа од редовите на Сампдорија.
22-годишниот играч од средниот ред стави потпис на договор до 2027 година и е шестиот дански фудбалер во историјата на Брентфорд.
Овој фудбалер постигна два гола за Данска во походот до полуфиналето на ЕП 2020, а од тогаш постојано беше поврзуван со премиерлигашките клубови. Тој остана во Серија А, а минатата сезона одигра само 11 натпревари поради што изрази незадоволство и желба да побара друг клуб.
Брентфорд за него ќе плати 20 милиони евра плус бонуси.