Веќе неколку денови главна тема на овие балкански простори, а посебно во Србија, е отстранувањето на капитенот од репрезентацијата на таа земја, Милош Теодосиќ. Тоа значи декла најдобриот плејмејкер во Европа, нема да игра на ЕП за својата земја.
Никој досега не излегол да каже што е навистина причината.
Меѓу првите тоа го стори денеска порталот Курир.рс, кој од сигурни извори дознава дека Тео бил крајно недисциплиниран во текот на подготовките на репрезентацијата и затоа селекторот го отстранил. Имено кога кошаркарите требало да бидат во своите соби и задолжително да одмараат, Тео не бил воопшто во хотелот.
Следувал состанок на стручниот штаб и одлуката била донесена.
Инаку се говори дека тоа било причината, а поводот бил фактот дека Теодосиќ и Мициќ воопшто не можеле заедно да функционираат. Тоа го виделе сите на тренинзите, но и на последните натпревари. Тоа му станало секако јасно и на самиот селектор.