Навивач на Барса до Де Јонг: „Намали си ја платата, копиле!“

553

Френки де Јонг е под сериозен притисок во Барселона. Холанѓанецот медиумски е „распнат“ после одлуката да остане во клубот но и не прифаќа намалување на платата во услови кога Барселона мака мачи како да ги среди финансиите и да ги регистрира новите играчи. Де Јонг инсистира на договорената плата и не попушта, поради што е критикуван, па дури е непријател и кај навивачите.
Де Јонг со својот автомобил се упати во комплексот на Барселона, а навивачите му свиреа, а еден од нив му викна: „Намали си ја платата, копиле…“.

Исто така Де Јонг смета дека клубот преку медиумите му врши неверојатен притисок, го оцрнува пред фановите само да го истера своето, да издејствува намалување на платата или да го натера играчот да си оди.

Затоа и ги ангажирал своите агентите да разговараат со луѓето од Барселона околу својата иднина на „Ноу Камп“. За Де Јонг има интерес од Манчестер Јунајтед, па ќе видиме што ќе излезе на крајот.

ПретходноНајлошата симулација за пенал доаѓа од Малезија (видео)
СледноБрeнтфорд ја најде замената за Ериксен