Официјално: Тодороски во дресот на Сумгаит!

1049

Десниот бек на на А-репрезентацијата на Македонија, Тодор Тодороски (23) е нов член на Сумгаит, еден од најдобрите клубови во Азербејџан. Откако се раздели со Серед ова лето, и покрај неколку други понуди, Тодороски ја прифати онаа од Сумгаит, па така во иднина тој ќе го носи дресот на овој клуб.

Секако дека сум задоволен од овој трансфер. Станува збор за сериозен клуб, на мене сега ми останува само ја оправдам довербата со добри игри. Сакам специјално да му се заблагодарам на менаџерот Роберт Битерих, кој многу помогна овој трансфер да се реализира“ изјави за “Спортмедиа“ Тодор Тодороски.

No description available.

Инаку десниот бек досега во својата кариера има настапувано и за екипите на Раднички Ниш, вториот тим на Осијек, Шибеник, Вардар, Металург, Кожуф, 11 Октомври.

ПретходноКирил Дојчиновски: Фудбалскиот ЏЕНТЛМЕН…
СледноЕте зошто е “пречкртан“: Теодосиќ за време на задолжителен одмор бил надвор од хотелот!