Беласица се засили со двајца голмани за новата сезона

874

Второлигашот Беласица го формира голманското дуо за сезоната 2022/23, а нови членови се Стефан Митрев и Филип Купанов. Двајцата имаат по 19 години и ќе се борат за првотимскиот статус.
Купанов ги мина младинските категории на Академија Пандев, беше дел и од првиот тим (четири настапи во ПМФЛ). Минатата сезона беше позајмен во Детонит, а потоа се врати во Академија Пандев.
Митрев исто така настапуваше за младинските категории на Академија Пандев, минатото лето потпиша со Беласица, но по една полусезона повторно отиде во Академија Пандев. Сега се враќа во Беласица и ќе се бори за првотимски статус.

ПретходноШаќири: Целта е јасна, да отидеме понатаму ако треба и преку пенал рулетот
СледноСе сеќавате на Адриан Муту? Потпиша договор со романски великан