Реал Мадрид го совлада Ајнтрахт со 2:0, а вториот гол на мечот беше дело на Карим Бензема кој исто така значеше и рекорд. За Французинот тоа е 324 погодок во дресот на Реал Мадрид на официјалните натпревари што е доволно за второто место на вечната листа на стрелци кај кралскиот клуб. Еден помалку има легендарниот напаѓач Раул, а прв останува Кристијано Роналдо со 451 погодок.
Подетално, Бензема постигнал 219 голови во Ла Лига, 74 во Лигата на шампионите, 21 во Купот на Шпанија, 2 во Суперкупот на Европа, 5 во Суперкупот на Шпанија и 3 на Светското клупско првенство. Сето тоа во 606 натпревари.