По се изгледа дека Френки де Јонг, играчот за врска на Барселона и репрезентацијата на Холандија, сепак ќе заврши на Островот, но не во Манчестер Јунајтед туку во Челзи.
Познато е се она што се случува со Де Јонг на “Камп Ноу“, опа и тие закани и судски процеси, но не и желбата на Холанѓанецот да си замине, ако се знае дека тој ја има најголемата плата во Барса.
За него силно беше заинтересиран Манчестер Јунајтед, но Де Јонг не сака ниту да чуе да замине на “Олд Трафорд“. Се споменуваше и Челзи, но тоа пред неколку недели мина во сенка за можниот трансфер во Јунајтед.
Сепак во последните денови тој е се поблиску до Челзи.
Се шекулира дека бараните 80 милиони евра тимот од „Стемфорд Брџ“ немал проблем да ги плати.
Сега останува само Де Јонг да каже – ДА.