Екс-фудбалер на Челзи и Арсенал се враќа во Премиерлигата

409

Авантурата на некогашниата ѕвезда на Челзи и Арсенал, Вилијан во неговата татковина се чини дека е блиску до завршување. Бразилскиот играч за врска на Коринтијанс, е во искушение да се врати Стариот континент каде од 2007 до 2021 година ги носеше дресовите на Шахтјор, Челзи, Анжи и Арсенал.

И покрај договорот кој го има со Коринтијанс до декември 2023 година, според информациите од Бразил, неговиот агент преговара со новајлијата во Премиерлигата, екипата на Фулам. Според првите информации, преговорите се во одлична насока и во скоро време Вилијан повторно може да заигра во најсилното национално фудбалско првенство.

ПретходноТрабзон подготвен да го пречека: Барди до крајот на неделава пристигнува во турскиот шампион
СледноПочина Кирил Дојчиновски, едно од најголемите имиња на македонскиот фудбал