Милан по 11 години повторно успеа да ја освои титулата шампион на Италија и по една чудесна сезона стигна до врвот во Серија А. Златан Ибрахимовиќ, легендарен 40-годишен фудбалер беше вистински лидер на тимот.
Затоа доби нов договор, но Ибрахимовиќ заработи тешка повреда на коленото во текот на сезоната, но чекаше да дојде крајот за да оди на операција. Сега тој покажа како изгледа неговата нога кратко време по операцијата.
Ибрахимовиќ минатата сезона шест месеци беше без вкрстените лигаменти на коленото и не сакаше да отсуствува од тимот, за да не ги намали шансите на Милан да ја освои титулата.
На крајот вредеше, бидејќи Милан го освои Скудетото, а после се Златан можеше мирно да оди на операција. Иако поради тоа најверојатно нема да игра фудбал пред 2023 година, процесот на опоравување на неговото колено оди одлично.
Златан на Инстаграм објави фотографии од нозете по операцијата, јасно покажувајќи дека и по зафатот успеал ногата повторно да ја направи мускулеста и силна.
„Никогаш нема да се повлечам. Ако се повлечам, тогаш фудбалот ќе умре“, напиша во свој стил Ибрахимовиќ.
Limitless #11weeksafter pic.twitter.com/fh6fo6OAiR
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) August 10, 2022