После 16 години од првото издание на Светското првенство за ракометарки до 18 години, Данска и Кореја одново се сретнаа во битка за златниот медал. Победник од оваа средба беше славеше со Кореја со 28-31 (15-15).
И двете репрезентации сосема заслужено се најдоа во финалето на Мундијалот, кој се одржува во Скопје. Сето ова го потврдија на дело, видовме одличен меч во СЦ „Борис Трајковски“. Во првото полувреме воведот им припадна на ракометарките на Кореја, поведоа со 5-8, но противникот брзо се врати во мечот, благодарение на одличната одбрана, дојде на плсу три 14-11, а на одморот беше изедначено 15-15.
Сликата не се промени ниту во вториот дел. Се играше гол за гол, Данска успеа да дојде на плус два 22-20 во 40 минута, но противникот брзо се врати, поведе со 23-25 на средина на вториот дел. Оваа позитива беше повеќе од доволна за голема радост во редовите на Кореја.
Третото место го освои селекцијата на Унгарија, откако ја совлада Холандија со минимални 27-26.