Куриозитет: Њукасл остана без дресови за гостувањето кај Брајтон!?

371

Англиски Њукасл се соочува со чудна ситуација пред вториот сезонски натпревар од Премиер лигата, кој во сабота ќе го одигра на гости кај Брајтон.

Клубот излезе со официјално соопштение во кое објави дека Премиер лигата не им дозволува да настапат со ниту еден од своите три дреса кои ги имаат подготвено за оваа сезона, затоа што сите се многу слични со домашниот дрес на Брајтон. Трите гарнитури дресови на „страчките“ се црно-бели, небесно сини и целосно бели, додека оној што ќе го користат „галебите“ е сино-бел.

Од Њукасл прецизираат дека фудбалската лига само за овој случај им дозволила да истрчаат со компромисно решение – дресовите кои ги користат за тренинзи и загревање пред натпреварите.

Тие ќе бидат комбинирани со црни шорцеви и чорапи. На опремата ќе бидат додадени и логоата на спонзорите и Премиер лигата.

ПретходноЈувентус оваа недела ќе го комплетира трансферот на Депај
СледноСтартот на првенството во Втората лига е одложен!