Меѓу сите фудбалски награди кои се доделуваат на годишно ниво, оваа година во италијанската Серија А беше доделена и наградата за „Најдобар тревнат терен“ меѓу стадионите на екипите во италијанската фудбалска елита.
Најдобрата тревна подлога од сите стадиони на италијанските прволигаши ја има популарната „Дачија Арена“ во Удине на која настапува тимот на нашиот репрезентативец Илија Несторовски, екипата на Удинезе. Според сите оценки, тревата на стадионот на Удинезе ги имала најдобрите перформанси за одигрување натпревар во Серија А лигата, па пред стартот на новата сезона наградата заврши во рацете на луѓето кои го одржуваат теренот на екипата на Удинезе.
𝐌𝐎𝐒𝐓 𝐕𝐀𝐋𝐔𝐀𝐁𝐋𝐄 𝐏𝐈𝐓𝐂𝐇 🏆🏟
📸 La #DaciaArena premiata dalla @SerieA come Most Valuable Pitch della stagione 2021/22! 🙌
✅ Miglior resa tecnica, prestazionale ed estetica
⚪️⚫️ #ForzaUdinese #AlèUdin #Udinese @GriceHewitt pic.twitter.com/moNOPA9e7G
— Udinese Calcio (@Udinese_1896) August 10, 2022