Поради Катарците, ФИФА еден ден порано ќе го почне Светското првенство?

215

Според пишувањата на дел од медиумите, ФИФА и домаќинот на Светското фудбалско првенство Катар ќе направат промена во распоредот на натпревари на првенството. Во моментов воведниот натпревар на шампионатот треба да го одиграат Сенегал и Холандија, кој е закажан за 21 ноември во 11:00 часот.

Но, домаќинот, сепак, инсистира да биде задржана традицијата и тие да бидат тимот кој ќе го отвори првенството, па нивниот меч со Еквадор кој е планиран да се одигра шест часа подоцна според распоредот, ќе бид епрефрлен еден ден порано?!

Натпреварот меѓу земјата домаќин и јужноамериканците најверојатно ќе биде презакажан за 20 ноември во 20 часот. Тоа ќе се одрази и на програмата на сега веќе вториот ден на првенството, каде нема да има натпревар од 11 часот, а трите натпревари да започнат во 14 часот, односно 17 часот и 20:00 часот.

ПретходноСтрумица Н. почна со подготовки: Две руски и две домашни репрезентативни засилувања
СледноЦикарски и Најденов за посилна Академија Пандев