Македонскиот одбојкарски шампион Струмица Никоб ги започна подготовките за новата европска сезона. Како што потврдија од клубот, во дресот на струмичани се врати репрезентативецот Стојан Илиев, кој е и првото засилување за следната сезона.
Од денеска на тренинг треба да се приклучи и Александар Злобин кој е единствениот кој од странците останува во тимот и оваа сезона. Струмица Н. ја напуштија бразилскиот среден блокер и примачот од Тунис.
Покрај Злобин во тимот денеска треба да пристигнат уште двајца негови сонародници, станува збор за Максим Михаилов кој игра на позиција примач и доаѓа од екипата на Будва и Алексеј Лободин кој ке је покрие испразнетата позиција, среден блокер. Н
Ново засилување за Струмица е и репрезентативецот Филип Деспотовски кој на тимот ќе се приклучи во петок. Како во играчкиот така и стручниот штаб Струмица ќе биде поискусна и засилена со Атанас Милев, кој ке биде дел од стручниот штаб оваа сезона.