Судиска анализа за 1.коло во ПМФЛ: Судиите на висина на задачата!

185

Изминатиот викенд се одиграа само три натпревари од првото коло во ПМФЛ, но и тие беа предмет на разгледување од страна на Судиската комисија при ФФМ, за тоа како делителите на правдата реагирале при спорните моменти.

Од самата анализа, се гледа дека судиите биле на висина на задачата и дека не направиле ниту една грешка.

Во продолжение во целост ви ја пренесуваме Судиската анализа…

“ На натпреварот  Фк.Струга Трим Лум – Фк.Победа одигран на 06.08.2022 година, анализирани се ситуациите од 3, 15 и 52 минута.

Главен судија”: Стојан Трпчевски. Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов.

3 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Во шеснаесетникот на Победа, играч од нападот на Струга беше во посед на топка странично од голот на Победа и со грб свртен према голот. На него стартуваше играч од одбраната на Победа туркајки го играчот од нападот на Струга, оваа ситуација е во граница на судиското убедување, интензитетот не беше многу јак и и напаѓечот беше со грб свртен спрема голот, близу близу гол-аут линијата.  Се поддржува  одлуката на главниот судија играта да продолжи, контактот и ситуацијата беше недоволен  за удар од 11 метри.

15. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (  НЕ досуден удар од 11 метри)

Центрирана топка  во шеснаесетникот (петерецот) на Победа , топката го удри одбранбениот играч на Победа во телото(колкот) а рацете му беа во природна положба. Исправна одлука на судијата играта да продолжи, немаше елементи за да  се досуди удар од 11 метри.

52. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (  НЕ досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на Победа беше во посед на топка и во напад пред самата линија на 16 сетникот на Струга, до него беше и играч од одбраната на Струга и со туркање рамо со рамо(ремплање) му ја одзема топката без прекршок.Исправна одлука на судијата  играта да продолжи, дуелот беше коректен без елементи за  досудувањепрекршок.

На натпреварот  Фк.Силекс – Фк. Работнички одигран на 07.08.2022 година, анализирана е ситуацијата од  90+2 минута

Главенсудија: Јован Качевски. Помошни судии: Мартин Дејаноски и Давор Цветановски.

90+2 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА СУДИЈА ( Досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на Силекс ја имаше топката во свој посед во 16 – сетникот на Работнички,  и пред да шутира кон голот, на него стартуваше со интензитет од позади грб (туркање) играч од одбраната на Работнички. Исправна одлука на главниот судија, досудено удар од 11 метри за туркање, и дисциплинска мерка жолт картон.

На натпреварот  Фк.Академија Пандев – Фк. Брегалница одигран на 07.08.2022 година, анализирана е ситуацијата од  16 минута

Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески.

16 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (  НЕ досудено офсајд позиција)

Центрирана топка од слободен удар за екипата на Академија во 16 сетникот на Брегалница, во момент на центаршутот играч од нападот на Академија и играч од одбраната на Брегалница беа во линија, топката дојде до играчот од нападот и постигна гол.

Многу тешка ситуација и исправна одлука на асистентот судија што не досуди офсајд позиција и дозволи играта да продолжи.Голот е регуларен.

 На останатите мечеви од 1 МФЛ следи анализа по одигравањето на натпреварите.немаше предизвикувачки  ситуации за судиска анализа“.

ПретходноТрансфер во Белгија: Чурлинов му кажа ДА на Андерлехт!
СледноРепрезентативката Митрашиновиќ продолжува во Монтана!