Откако шпанска „Марка“ синоќа потврди дека се е договорено околу заминувањето на Енис Барди од Леванте и неговиот премин во екипата на Трабзонспор, турските медиуми утрово потврдуваат дека Трабзон до крајот на неделава го очекува пристигнувањето на македонскиот репрезентативец.
Тој деновиве треба да пристигне во Турција каде ќе ги мине задолжителните лекарски прегледи, пред да им биде преставен на навивачите. Како што објавија и Шпанците, Барди ќе потпише 3-годишен договор со турскиот шампион, а Леванте за него ќе добие обештетување од 3 милиони евра, плус бонуси.