Дарко Чурлинов е многу блиску, речиси и се да е готово, до Андерлехт. Најголемиот клуб во Белгија едноставно го посакува напаѓачот на нашата репрезентација и член на Штутгарт. Македонецот и клубот од Брисел ги договориле сите детали околу личните услови, но сега останува само уште Штутгарт да каже ДА. Се очекува раководството на “швабите“ да бара најмалку 4 милиони евра отштета, што за Андерлехт не би требало да претставува поголем проблем. Се наведува дека до петок трансферот да биде реализиран.Инаку пред неколку дена Македонецот требаше да замине во Барнли, но понудата на тимот од Чемпионшип беше премала, па така тој остана, барем засега, во Бундеслигата.