Турција без најдобриот ракометар против Македонија!

181

Репрезентацијата на Турција еден од противниците на македонскиот национален тим на патот до пласман на Европското првенство 2024 година, на првата квалификациска средба во составот ќе го нема најдобриот играч.

Станува збор за Дорук Пеливан. 24-годишниот ракометар го повредил коленото, според најавите тој нема да се врати на терените во следните пет месеци. Македонија и Турција првиот дуел ќе го одиграат на 16. октомври во Ван, па ова значи дека Пеливан нема да може да ми помогне на својот тим.

Нашата најдобра репрезентација пред оваа средба на домашен терен ќе ги одмери силите со Луксембург.

ПретходноУште две нови имиња во ГРК Тиквеш!
СледноШаќири: Целта е јасна, да отидеме понатаму ако треба и преку пенал рулетот