Цикарски и Најденов за посилна Академија Пандев

1729

Мите Цикарски и Бојан Најденов ќе бидат уште две нови имиња во составот на Академија Пандев. Во обид да се засили ростерот за сезоната која штотуку започна, струмичани успеаја да договорат уште две искусни имиња.

29-годишниот лев бек Цикарски во редовите на Академија Пандев доаѓа како слободен фудбалер, откако последниот ангажман го имаше во бугарски Ботев Пловдив, со кого ја заврши соработката уште во јануари и остана без ангажман.

30-годишниот Најденов доаѓа како искусно име во средниот ред. Тој минатата полусезона ја помина во Црна Гора како фудбалер на ФК Искра.

ПретходноПоради Катарците, ФИФА еден ден порано ќе го почне Светското првенство?
СледноТрабзон подготвен да го пречека: Барди до крајот на неделава пристигнува во турскиот шампион