Утре вечер Шкендија се наоѓа пред нова шанса за пласман во плеј-офот од Лигата на конференции. Мисијата е победа над АИК со оглед на резултатот од 1:1 од Стокхолм пред една недела. Пред мечот тренерот на Шкендија Артим Шаќири зборуваше за шансите и за целта на неговиот тим на реваншот.
„Очекувам поинаков натпревар за разлика од првиот, затоа што сега мора да има победник. Нерешениот резултат не ни значи ништо. Нашата цел е ние да бидеме конечни победници, па дури и ако тоа биде преку пенали. Минав две години во Шведска, добро го познавам и противникот и клубот и верувам дека можеме да оствариме пласман во плеј-офот“, смета Шаќири.