Брeнтфорд ја најде замената за Ериксен

165

Брентфорд ја заврши потрагата по играч од средниот ред кој ќе ја пополни празнината која се создаде по заминувањето на Кристијан Ериксен во Манчестер Јунајтед. Нов фудбалер на „пчеличките“ е Микел Дамсгард, исто така Данец кој доаѓа од редовите на Сампдорија.
22-годишниот играч од средниот ред стави потпис на договор до 2027 година и е шестиот дански фудбалер во историјата на Брентфорд.
Овој фудбалер постигна два гола за Данска во походот до полуфиналето на ЕП 2020, а од тогаш постојано беше поврзуван со премиерлигашките клубови. Тој остана во Серија А, а минатата сезона одигра само 11 натпревари поради што изрази незадоволство и желба да побара друг клуб.
Брентфорд за него ќе плати 20 милиони евра плус бонуси.

ПретходноНавивач на Барса до Де Јонг: „Намали си ја платата, копиле!“
СледноРеал Мадрид петти пат е супер шампион на Европа (видео)