Почина Кирил Дојчиновски, едно од најголемите имиња на македонскиот фудбал

1682

Во својата 78. година од животот, почина едно од најголемите имиња во историјата на македонскиот фудбал, Кирил Дојчиновски. Македонскиот, балканскиот и светскиот фудбал останаа без една легенда која во својата играчка и тренерска кариера ќе остане запаметен како еден од најдобрите на овие простори.

Дојчиновски ќе остане засекогаш запаметен во историјата на македонскиот спорт како првиот Македонец кој бил дел од Светските фудбалски првенства. Тој настапи на Мундијалот во 1974 година во Западна Германија, тогаш како фудбалер на белградска Црвена Звезда беше повикан во екс-југословенскиот состав.

Своите фудбалски почетоци ги бележи во Вардар, каде како тренер и ја заврши својата кариера. Играше за Црвена Звезда и француските Троја и Париз. Како тренер почна во Ел Салвадор, каде што беше и селектор, а ги предводеше и Вардар, Пелистер, Македонија ЃП, Брегалница (Ш), Брегалница (Д) и неколку тима од Ел Салвадор.

ПретходноЕкс-фудбалер на Челзи и Арсенал се враќа во Премиерлигата
СледноУЕФА СУПЕРКУП: Реал по петтиот трофеј, Ајнтрахт за првпат во европското „суперфинале“