Фановите на Шкендија бараат оставка од претседателот на клубот!

2988

Како да не може некогаш да биде релаксирано во Шкендија. Имено иако на тимот одлично му оди во Европа, сепак сега на првршина излегуваат некои работи кои не се претставува во јавноста. А тоа е големото незадоволство на фановите на Шкендија, “Балисти“, кои отворено преку социјалните мрежи бараат под итно оставка од претседателот на клубот Бесник Ибраими.

Тие не се задоволни од работата на Ибраими и затоа сега спремаат бунт. Тие истакнуваат дека во случај Ибраими да не си замине од Шкендија, тие ќе ги кажат сите `валканици` кои наводно се поврзувале со неговото име.

Се молевме Еколог да влезе во Шкендија во 2013 година и сега дали навивачите заслужуваат игнорантски однос од моменталниот лојален претседател Ибраими, кој мисли дека има доволно кредити од нас. Ние имаме само една одлука – замини си што побрзо и тргни ги рацете од нашиот сакан клуб! Во спротивно ќе продолжиме со радикалното однесување и со активностите за да ја оствариме целта. Попрецизно, ќе ги објавиме сите валканици кои ги има направено претседателот во овој период додека е прв човек на клубот“ стои во соопштението на “Балистите“.

ПретходноНаграда за тимот на Несторовски: Удинезе ја има најдобрата тревна подлога од сите стадиони во Италија
СледноБошко Заборски со реакција за правилникот за работа и избор на репрезентациите!