Јувентус треба да го комплетира договорот на напаѓачот Мемфис Депај од Барселона оваа недела, тврдат италијански извори.
Тимот од Торино ќе плати „симболична сума“ за холандскиот напаѓач. На 28-годишниот фудбалер му е понудена плата од 6 милиони евра и двегодишен договор.
Една од причините за најавеното заминување на Депај од Барселона е трансферот на полскиот напаѓач Роберт Левандовски, кој летово се пресели од Баерн.
Холанѓанецот стана играч на Барселона минатото лето, приклучувајќи и се на Барса како слободен агент.