Македонската машка кадетска репрезентација продолжи во победнички ритам на ЕХФ шампионатот. На последната средба од групната фаза „црвено-жолтите“ го совладаа домаќинот, Летонија со убедливи 33-23 (21-12) и како првопласирано одат во полуфиналето.
Томислав Димковски кој постигна шест гола беше прогласен за играч на натпреварот од составот на Македонија. Узучнчев имаше седум погодоци, еден помалку запиша Петковски.
И оваа средба нашите момци ја решија после едно полувреме. Поведоа со 8-3 на стартот, дојдоа на плус десет пред одморот (21-11), противникот во самиот финиш постигна гол за 21-12.
Ништо не се промени во продолжение, Македонија доминираше до крајот.
Во полуфиналето нашите момци ќе играат со Швајцарија или Луксембург, овој меч се игра нешто подоцна.